Што е Smart Food?
Зошто Smart Food? Како функционира? Како се слабее? Какви се оброците? Колку чини? Како да почнам?Изјави на кориснициДискусии од корисници
Прашања и ОдговориСтатии
English

Контакт:
e-mail: info@smartfood.com.mk
Тел: 02 30 84 651
         071 370 432




Што е Smart Food?

Заборавете на високо протеинските диети или диети со изгладнување. Здравиот начин на слабеење е единствениот возможен начин. Тоа се постигнува со јадење на калориски и нутриционистички избалансирана храна, така да енергијата што се внесува преку храната ги задоволува дневните потреби за енергија во организмот.

Нашиот концепт не е диета туку е промена на стилот на живеење во однос на храната. Правилната исхрана како и вежбањето е единствениот здрав начин за да можете да уживате до крајот на животот. Концептот не е непознат. Тој е истиот за кој многу често ќе слушнете од професионалец од областа на здравството. Нашата цел не е да ви помогнеме со вашата следна диета, туку да да ви помогнеме да ставите крај на циклусот со диети. Привременото губење на тежината е од многу мала корист. 

Ова подучување е дизајнирано да ве научи да започнете со промени во вашиот животен стил во однос на исхраната.  

Доколку не се храните доволно или имате зголемена телесна тежина го зголемувате ризикот од дијабетес, остеоартритис, висок крвен притисок, различни болести на срцето, Алцхајмерова болест, канцерогени заболувања, и други психички заболувања. Но се додека вашиот доктор не ви укаже, мотивот за превземање иницијатива е желбата да ослабнете и да изгледате поубаво.Ние сме сигурни дека можеме да ви помогнеме да го сторите тоа, но исто така и да се чувствувате поубаво и да бидете поздрави. 

Да научиме да се храниме здраво и паметно е единственото решение за долгорочно губење на вишокот на килограми.

Ве молиме да ја прочитате последната реченица повторно. Тоа е најважната работа која ние сакаме да ја постигнеме. Всушност тоа е и најважната поента на нашето подучување и на постоењето на целиот веб сајт.

Храната и здравјето

  • Сите знаеме дека нашето најголемо богатство е здравјето и дека најголем дел од проблемите со здравјето започнуваат поради лошите навики поврзани со храната и зголемената телесна тежина.
  • Повеќе од половина од луѓето на планетата го поставуваат истото прашање-Како да се ослабнат? Одговорот е многу едноставен, но неговата примена е многу тешка.

Храната како енергетски извор

  •  На секој човек му е потребна храна – храната ја обезбедува потребната енергија за правилно функционирање на човечкиот организам (срцево биење, дишењето итн.).

Секоја хранлива состојка која се внесува во организмот си има своја енергетска вредност. Така да енергијата која човечкото тело ја прима во текот на денот претставува збир од енергетските вредности на поедините хранливи состојки кои се консумирани во текот на денот.

Храната и дебелеењето

Доколку сумата од вредноста на енергијата на храната која се внесува во текот на денот е поголема од онаа која што се троши во текот на денот со различните физички активности на човекот, тогаш вишокот на енергија се претвора во масти кои се акумулираат во човечкиот организам. Ете како ние се здебелуваме или ја покачуваме телесната тежина. 

  • Доколку телото не добива  доволно енергија за да фунционира правилно, тоа ги користи акумулираните масти и ете како ние слабееме.

Гладувањето е не ефикасно и штетно по здравје

  • Гладувањето, како и брзото слабеење е многу опасно по здравјето, веднаш по престанување со гладувањето многу брзо се враќаат изгубените килограми, а да не се ни спомнуваат сите напори при гладувањето, како и сите “маки” низ кои човекот поминува за време на диетите.
  • Најздравиот начи да се изгубат вишокот на килограми е да се внесува доволно храна која што ќе му обезбедува на организамот доволно енергија да функционира правилно, додека потребите за физичка активност организмот може да ги зема од веќе акумулираните масти. 

Smart Food начин на слабеење

  • Ние знаеме колку тешко е да се изгуби вишокот на килограми, знаеме и каква храна треба да внесуваме во текот на денот за да се задоволат потребите на организмот со енергија и исто така знаеме дека храната треба да биде вкусна и да содржи се што му е потребно на човековиот организам. Нашата цел е да им помогнеме на луѓето да го изгубат вишокот на килограми без напор.  
  • Секој ден ние подготвуваме и дистрибуираме до вас 5 вкусни, нутриционистички избалансирани оброци кои ќе ги задоволат потребите со енергија на вашиот организам, кои што се многу вкусни и најважно од се што ќе ви помогнат да ослабнете на здрав начин без гладување. Најважното е дека Вие нема да ги вратите назад изгубените килограми.
  • И тоа е и нашето мото – Вкусно, а слабееш!
  • Заборавете ги брзите тренди диетите, апчињата за слабеење како и другите прирачници за различни диети.  

Заборавете на високо протеинските диети или многу ниско калоричните диети. Здравиот начин на слабеење е единствениот возможен начин.