Што е Smart Food? Зошто Smart Food? Како функционира? Како се слабее? Какви се оброците? Колку чини? Како да почнам?Изјави на кориснициПрашања и ОдговориСтатии
English

Контакт:
e-mail: info@smartfood.com.mk
Тел: 02 32 16 320
         071 370 432




Статии

Како јадеш така мислиш, како мислиш така живееш !!

Правилната и здрава исхрана станува еден од најважните проблеми на современиот човек.  Човековото здравје,креативност ,ефикасност и расположение директно се условени од начинот на исхрана кој го применуваме. Правилната и здрава исхрана ни помага полесно да се сoочиме со животни тешкотии и да се заштитиме од многу бројните физички и психички болести.  Здравата исхрана во семејството овозможува правилен физички и духовен развој и на децата и повеќе радост и љубов во меѓусебната комуникација и заедничкиот  живот.

ЗДРАВА ИСХРАНА

Исхраната е важен фактор за нашето здравје.Не е битно само каков оброк, туку како е спремен и како се конзумира.

Здравата исхрана не е само наше занимање,туку искрена љубов и страст.Поради тоа се обидуваме нашиот ентузијазам да го пренесеме и на други , за да и другите го сфатат значењето и убавината на здравиот начин на живот.

Долги години се обидуваме да го отфрлиме мислењето  дека здравите навики  се досадни и тешки.Многумина мислат дека здравиот начин на живот значи многу забрани и откажувања.

Но,за среќа не е така.Стекнување на здрави навики ,грижа за вашето здравје може да биде интересно и креативно.Кога усвојуваме нов начин на живот,нова здрава филозофија ние сме победници.

Постојат и повеќе фактори покрај исхраната кои влијаат на нашето здравје – водата,чистиот воздух,сонцето,физичките вежби,одморот,позитивните мисли.

Сите овие фактори заедно со исхраната се една добра програма за здрав живот.Нивната примена го подобрува квалитетот на нашиот живот и секако внесува многу промени во нашето однесување и нашето здравје.

ОЦЕНЕТЕ КАКОВ ЖИВОТ ВОДИТЕ ВИЕ

Секојдневните навики во исхраната,работата,слободното време имаат големо влијание на вашето здравје.Со помош на овој прашалник ќе може да процените како и во која мера вашите навики влијаат на вашето здравје и оптимизам или ви штетат.

ПОЗИТИВНИ НАВИКИ

ПОЕНИ

 

 

Јадам барем по два вида овошје во денот

2

Секој ден јадам свежа храна

2

Редовно јадам интегрални житарици

2

Употребувам растително или маслиново масло

2

Редовно јадам во исто време

2

Секојдневно повеке пати длабоко вдишувам

2

Пијам помеѓу 4 и 8 чаши вода дневно

2

Имам редовна столица и добар метаболизам

2

Секој ден шетам барем по пола час

2

Одам во природа еднаш неделно

2

Се бавам со спорт еднаш неделно

2

Редовно спијам по 7 часа на ден

2

Се одмарам и опуштам еден ден во  неделата

2                  

Ги негувам своите позитивни мисли

2

НЕГАТИВНИ НАВИКИ

Грицкам помеѓу оброци

1

Јадам месо повеќе од 4 пати неделно

1

Јадам бомбони, колачи и слатки секој ден

1

Употребувам сувомеснати производи,кајмак,путер и сл.

1

Употребувам чадени производи( шунка,врат..)

1

Имам вишок килограми

1

Живеам во урбана и загадена средина

1

Често останувам до касно

1

Често останувам подолго на работа

1

Пушам

1

Пушам повеке од една кутија дневно

1

Пијам алкохол секоја недела

1

Употребувам жестоки пијалоци(виски,коњак)

1

Пијам повеке од три кафиња на ден

1

Резултат

Од  -14 дo -1 поени: Морате одма да го промените начинот на живот. Вака постојат големи шанси да се разболите од некоја ризична болест или да имате други потешкотии со здравјето.
Од 0 до 13 поени: Морате озбилно да размислите за некои свои навики
кои ви го нарушуваат здравјето и виталноста.Со малку напор и истрајност ке постигнете големи резултати и промени.
Од 14 до 20 поени: Скоро се правите исправно. Водите здрав живот но, постојат уште некои аспекти кои би можеле да ги подобрите.
Продолжете така. Стекнете уште повеќе здрави навики во вашиот живот.
Од 21 до 28 поени: Имате потполно здрав начин на живот и уживате во плодовите од таквиот живот.
Помогнете им и на други особи кои би сакале да ги сменат своите навики но,направете го тоа со повеке такт и добра воља ,знаејќи дека многу ке им помогнете во начинот на живот.

Создавање енергија     

На сите витални процеси потребна им е енергија. Животот сам по себе значи постојано трошење на енергија. А храната е гориво  која го снабдува организмот со потребната животна енергија.Научно е познато  дека енергијата всушност не се создава ниту уништува,туку се трансформира.
На тој начин со храната внесуваме хемиска енергија(од сонцето) која нашиот организам ја претвора во енергија за нервниот систем ,во топлотна (за одржување на телесната температура и механичка енергија ( за движење).

Хранливите состојки кои организмот ги користи како гориво и кои произведуваат енергија потекнуваат од  јаглените хидрати,мастите и протеините.

НЕЗАМЕНЛИВИ ХРАНЛИВИ СОСТОЈКИ

  Тоа се оние кои  организмот не може  да ги синтетизира од други  хемиски соединенија.Тие се внесуваат од надвор.

Есенцијални аминокиселини

Тие се дел од протеините  без разлика дали се од животинско или растително потекло. Организмот може да створи некои аминокиселини но, есенцијалните аминокиселини се незаменливи.

Масни есенцијални аминокиселини

Тоа се масни полунезаситени  киселини кои се наоѓаат во растителните масти и во јаткасти плодови ( како оревот и сл.)

Витамини и минерали

Тие се наоѓаат во сите намирници ,посебно во оние од растително потекло.

Вода

Водата се наоѓа во сите намирници но, во недоволни количини кои не ги задоволуваат дневните потреби на организмот.Затоа е неопходно да се пие по 6 до 8 часи на ден.Таа количина може да се зголеми во летните месеци кога трошиме повеке течности од организмот.

Растителни влакна

Тие се наоѓаат само во  производи од растително потекло. Највеќе ги има во интегрални житарици,овошје, зеленчук, мешункасти плодови и сл. Тие сами по себе не се храна ,но сепак се неопходни за нормално функционирање на организмот.

Калории

Во прирачниците за храна посебно се нагласува вкупната количина на калории која е потребна да се внесе со секојдневната исхрана.Затоа режимот на исхрана се смета за најправилен начин за  одредување на потребната калориска вредност која се одредува според потребите на нашиот организам.Денес во светот се повеќе луѓе имаат проблеми со вишокот на килограми.Тоа е поради несоодветната исхрана , внесување на повеќе калории одошто им е потребно,што значи дека многу е битен не само квантитетот туку квалитетот на исхраната ,односно калорискиот состав.

Рафинирани јаглено-хидрати

Белото брашно и белиот ориз  содржат исто калории како и интегралното брашно и ориз,или белиот и жолтиот шеќер, но хранливата вредност кај вторите е многу поголема и со подобар квалитет.

 Посно месо и соја

Обезбедуваат слична количина на калории но, немаат исто влијание на здравјето.Според тоа квалитетот на режимот на исхрана не зависи ,како што се мисли, од количината на протеини и нивното потекло, туку од разноврсната употреба на здрави производи.

 

<<НАЗАД