Што е Smart Food? Зошто Smart Food? Како функционира? Како се слабее? Какви се оброците? Колку чини? Како да почнам?Изјави на кориснициПрашања и ОдговориСтатии
English

Контакт:
e-mail: info@smartfood.com.mk
Тел: 02 32 16 320
         071 370 432




Статии

Зошто диетите не функционираат?

Ги пробавте сите магични диети, супи, таблети... Доколку ги изгубите непосакуваните килограми, се чувствувате исцрпено, паѓате во депресија и килограмите се враќаат.

Ако ви се случило такво нешто, пробајте конечно да прифатите еден непроменлив факт - ако сакате квалитетни резултати, придржувајте се до квалитетни диети и не барајте диети со гладување.

Доколку ослабнете повеќе од 7 килограми за кратко време (30-тина дена), дефинитивно гладувате и сопственото тело го изложувате на огромен стрес, ситуација во која не го губите само масното ткиво, туку и мускулите.

Овој процес е поврзан со пореметување на хормоналната слика, неправилно работење на штитната жлезда, проблеми со варењето, намалување на крвниот притисок...
Заради сите овие работи, ќе се појави умор, психичко пореметување и потреба за прејадување. Во екстремни случаи се појавуваат анорексија и булимија.

Од друга страна, постепената диета со максимално губење од 1 кг д о1,5 кг неделно, вклучува внесување на доволни количини на витамини, минерали и сите видови на продукти.

Храната не се одбегнува, туку само се намалува количината што ја конзумирате, оброците се почести, ама не толку обилни. Покрај тоа, голема грешка е да го прескокнувате доручекот бидејќи тој ви овозможува нормално функционирање во текот на денот.

Доколку сакате да ја задржите посакуваната телесна тежина, дневно внесувајте од 1.400 до 1.700 калории (за жени) и занимавајте се со физичка активност која ќе го забрза метаболизмот и потрошувачката енергија.

При изборот на диетата идеално би било да се консултирате со доктор или нутриционист. Во секој случај, немојте поради желбата за идеална тежина да се откажете од разумот, а доколку бидете мудри и трпеливи резултатите ќе дојдат, и што е најважно ќе останат.

 

 

<<НАЗАД