
Статии
Пиење вода за одржување на добро здравје
Вода - пијалок што најмногу му треба на телото
Пиењето вода е многу важно за добро здравје. Кога бевте дете во
школо, вие учевте дека секој молекул на вода е направен од два водородни
атоми и еден кислороден атом. Можеби исто така учевте дека било
многу забавно да ги наполните пиштолите на вода, се додека директорот
не ве фати. Тоа што не го научивте всушност e тоа колку вода ви
треба за да бидете здраво човечко суштество.
Зашто е потребно да пиете вода
Вашето тело според пресметките е составено од околу 60 до 70 проценти вода. Крвта е составена во главно од вода, и вашите мускули, белите дробови и мозокот содржат многу вода. На вашето тело му е потребно вода за да ја регулира телесната температура и да обезбеди хранливите материи успешно да стигнат до сите органи. Водата исто така го пренесува кислородот до вашите клетки, ги отстранува вишокот на непотребни материи, и ги заштитува вашите зглобови и органи.
Знаци на дехидрација
Вие губите вода преку мокрење, дишење и потење. Доколку сте многу активни, вие губите повеќе вода одколку што седите. Така наречените диуретиците како кофеински состојки и алкохол резултираат со потребата од пиење на повеќе вода бидејќи тие го мамат вашето тело да мисли дека има повеќе вода отколку што ви треба. Симптомите на слаба и постојана дехидрација вклучуваат хронични болки во зглобовите и мускулите, болка во грбот, главоболка и тврда столица. Јак мирис во вашата урина, придружено со жолта или боја на килибар означува дека не внесувате доволно вода. Запомнете дека рибофлавинот т.е. витамин Б, ќе ја направи вашата урина светложолта. Жедта е најочигледен знак за дехидрација и фактички ви треба вода уште пред да ожеднете.
Колку вода ви е потребно да пиете?
Добра проценка е да се земе вашата телесна тежина во килограми и да се подели тој број со четри. Тој број помножете го со 3 и тоа ви го дава бројот на мили литри дневно што треба да го испиете.
Доколку вежбате треба да пиете дополнителни чаши вода плус на секои 20 минути активност. Ако пиете алкохол, треба да испиете најмалку еднаква количина вода. Кога патувате со авион, добро е да пиете 250 ml вода на секој час патување. Ако живеете во сува клима, треба да додадете плус 2 чаши вода. Како што гледате, вашите дневни потреби за вода можат да бидат големи.
20 проценти од вашата потреба за вода се надокнадува од храната што ја јадете. Остатокот за другата потреба на вода доаѓа од пијалоците што ги пиете. Водата е најдобар избор. Газираните пијалоци имаат многу шеќер, затоа ако ги пиете ќе додадете повеќе калории одколку што ви требаат. Билните чаеви што не се диуретични се добри. Енергетските пијалоци содржат електролити и можат да бидат од корист, само внимавајте на дополнителните шеќери и калории што не ви требаат. Џусевите се добри бидејќи содржат витамини и хранливи состојки. Пијалоците со кофеин исти така ќе се додадат во вашите дневни потреби со вода. И покрај тоа што кофеинот е диуретик, ако редовно го користите, вашето тело ќе се адаптира на оваа ситуација.
Пијте доволно вода
Може да изгледа многу тешко да пиете доволно вода во еден зафатен ден. Бидете сигурни дека секогаш имате вода на дофат, носете постојано со вас шише вода кога работите, патувате, или вежбате. Ако ви здосади обичната вода, додајте малку лимон за вкус. Има достапни неколку брендирани ароматизирани води, но внимавајте на дополнителните калории.
<<НАЗАД
|