Што е Smart Food? Зошто Smart Food? Како функционира? Како се слабее? Какви се оброците? Колку чини? Како да почнам?Изјави на кориснициПрашања и ОдговориСтатии
English

Контакт:
e-mail: info@smartfood.com.mk
Тел: 02 32 16 320
         071 370 432




Статии

Колку брзо може да ја намалите тежината?

Намалувањето на тежината вклучува масти, мускули и вода

Кога ние губиме од тежината не губиме само масти. Ние губиме комбинација од телесни масти и мускулно ткиво. На пример, студиите покажуваат дека кога сме на диета, тежината што ја губиме во просек е околу 75 проценти масти и 25 проценти мускули. Запомнете, околу 70 проценти од вкупната телесна тежина за просечен човек отпаѓа на водата, со мускулното ткиво кое содржи околу 75 проценти вода (плус 20 проценти протеини и 5 проценти минерали), и телесна маст околу 50 проценти вода.

Фактори кои го забрзуваат губењето на тежина

Човечкото тело не ја губи тежината редовно или со постојана брзина. Различни луѓе ја намалуваат тежината со различна брзина. Тоа е така зашто намалувањето на тежината зависи од различни фактори, вклучувајќи ги: тежината; диетата и животниот стил; нивото на физичка активност; здравје и гени; нивото на доживеан стрес.

Губењето на тежината не е прецизна наука

Како што може да видите, не само што губењето на тежината вклучува и други работи покрај масното ткиво, вистинската брзина на намалувањето на тежината е условена од различни индивидуални фактори. Затоа е тешко, невозможно, да се даде прецизен одговор на прашањето „колку брзо може да ја изгубам тежината?“ Како и да е, како основен водич, еве неколку основни упатства за максимално губење на тежината.

Која е најголемата тежина која може да ја изгубите?

Возможно е да се изгуби најмногу околу 9 килограми неделно, но најмногу од тоа е најверојатно вода. Поради тоа ќе се вратат повторно штом ќе се продолжи со нормалното јадење.

Која е наголемата телесна маст што може да ја изгубиш?

Максималната количина на телесна маст којашто здравата личност може да ја изгуби е околу 1.5 кг. неделно. Типично, само дебелите луѓе се во можност да ја изгубат оваа количина на маст. За споредба, жена со просечна тежина (околу 63 кг.) е можно да изгуби максимално 0,7 кг. неделно.

Зошто не можете да изгубите повеќе од својата тежина?

Човечкото тело не е создадено да ја губи тежината. Тоа е направено да преживее! Нашата основна телесна хемија опстојува од предисториското време, кога гладта, повеќе од дебелината, била најголема закана. Ете затоа не може да  се изгуби прекумерна сума на масти за краток период. Всушност, доколку драстично го намалувате калорискиот прилив, вашиот мозок презема активни чекори за забавување на вашиот метаболизам, се со цел да ги зачува калориите. Ова е една причина зашто ние наидуваме на крајната граница при слабеењето.

Споредни Ефекти од пребрзото губење на тежината

Пребрзото губење на тежината може да доведе до непријатни споредни ефекти. Двете најголеми заеднички последици од пребрзото намалување на тежината ги вклучува:    

Појава на губење на кожата

Ако ја намалувате тежината пребрзо, вашата кожа нема време да се собере до намалената форма на телото. Единствениот ефикасен третман за ова е хируршка интервенција, како абдоменопластика.

Камен во жолчката

Студиите покажуваат дека луѓето што имаат изгубено прекумерно од тежината многу брзо, имаат поголем ризик од развивање на камен во жолчката од оние кои ја губат тежината со помала брзина. Пребрзото губење на тежината може исто така да предизвика „тивкиот“ камен да стане активен.

Повторно стекнување на тежината

Ненадејното брзо намалување на тежината е вообичаено предизвикано од вештачките промени на нашите навики во јадењето како резултат на ниско калоричната диета. Неизненадувачки, ова не ни дава доволно време да ги научиме новите новики во јадењето. Така иако нашата физичка тежина може да има промени, нашиот умствен пристап до храната и јадењето останува ист. Во отсуство на медицински надзор, или друга поддршка, ние обично се наоѓаме себеси неспособни да ги поднесеме новите диетални навики што се бараат за да ја одржиме лесната тежина, и повторно ја враќаме целата изгубена тежина.

 

<<НАЗАД