Што е Smart Food? Зошто Smart Food? Како функционира? Како се слабее? Какви се оброците? Колку чини? Како да почнам?Изјави на кориснициПрашања и ОдговориСтатии
English

Контакт:
e-mail: info@smartfood.com.mk
Тел: 02 32 16 320
         071 370 432




Статии

7 општи нереалности за губење на тежината

1. Најдобриот начин за намалување на тежината е да избегнувате јадење на јаглехидрати?

Не е точно. Најдобриот начин за да ја намалите тежината е да внесувате помалку калории додека уживате во нутриционистичката диета која вклучува рановидна храна. Ниедна хранлива група не треба да се избегнува за да се постигне здрава тежина се додека го доведувате во рамнотежа приливот на калории. Додека е паметно да се избегнува преработени јаглехидрати колку што е можно почесто, храната како леб, ориз, паста, житарици и овошје, може да биде дел од здрава, избалансирана диета. Обидете се да изберете сложени јаглехидрати, како житарици и грав, преработена храна (како белиот леб) секогаш кога е возможно.

2.  Генетиката конечно ја одредува вашата тежина?

Додека истражувањата покажуваат дека биолошките роднини имаат тенденција да имаат слична телесна тежина, тоа не ја запечатува вашата судбина доколку вашите родители или вашите баба и дедо се дебели. Тие со семејна историја на дебелина може поверојатно да имаат зголемена тежина од оние со семејна историја на слаби, но тоа не значи дека здравата диета и вежбите се помалку ефективни за вас. Без оглед на тоа, најважните фактори кои имаат влијание врз вашата тежина се тоа колку калории јадете и колку сте активни физички. И затоа, не ја користите генетиката како изговор за да се откажете.

3. Во ред е да се префрлате од диета на диета?

Можете да продолжувате (и откажувате) од една диета на друга пред да ја пронајдете вистинската. Велат дека, јо-јо диетата или варирање на тежината (значи значителното губење на тежината и потоа повторно враќање на истата) – дефинитивно не е добра идеја. Варирањето на тежината може да доведе до одредени здравствени проблеми и исто така може да предизвика да се чувствувате депресивни. Избегнувајте брзи диети кои предизвикуваат ненадејно губење на тежината; бавно и  рамномерно губење на едно или две кила неделно е многу поздраво и далеку поверојатно да биде трајно.

4. Мастите треба да се избегнуваат?

Напротив, некои масти може да ви помогнат во напорите за губење на тежината. Се разбира, јадењето премногу масти е поврзано со ризикот за болест, како рак, но на сите ни е потребно малку масти во нашата диета за да бидеме здрави. Мастите му помагаат на телото за да ги абсорбира најважните хранливи состојки и да се чувствувате заситени подолго, со што ќе ви се помогне да јадете помалку. Транс  и заситените масти треба да се избегнуваат, но незаситените масти се всушност добри за вас. Уживајте во храната како што е риба, ореви и маслиново масло и останати слични продукти кои ги прават вашата тежина и  вашето здравје добри.

5. Прескокнувањето на оброците е добар начин за намалување на калории?

Прескокнувањето на оброкот може всушност да ја зголеми тежината зашто се забавува вашиот метаболизам. Всушност, прескокнувањето на оброкот повеќе ја зголемува тежината од редовното јадење на оброците. Лицата кои што ги прескокнуваат оброците имаат тенденција да се прејадат подоцна во денот за да го надокнадат прескокнувањето на доручекот или ручекот. Наместо скратување на целосни оброци, отстранете неколку калории од секој оброк преку  контролирани порции и пронаоѓање на ниско-калорични алтернативи на високо калорична храна што ја јадете најчесто.

6. Преминувањето на храна со намалени масти или без масти е сигурен начин за губење на тежината?

Не е потребно. Дури ако имате кујна полна со храна без масти и храна со намалени масти – како што е прелив за салата, крекери и колачи – тоа не значи дека може да ги јадете се додека срцето ви издржи. Со целата друга храна, контролирањето на порцијата е клучот за губење на тежината преку храна со намалени масти. Иако полесните варијанти имаат помалку масти од нивните редовни основни дупликати,  често имаат многу или повеќе калории (некои диетални јадења содржат повеќе шеќер од основните варијанти ). Секогаш читајте и споредувајте ги етикетите со хранливите состојки кога правите селекција.

8. Следењето на одредена диета ќе ви го забрза вашиот метаболизам?

Не можете да го смените вашот матаболизам со следење на одреден план за диета; што всушност ќе предизвика зголемување во вашиот метаболизам е вежба. Следењето на точно одредена диета може да го направи вежбањето потешко, ако  не и невозможно. За да имате енергија за вежбање, мора да му го дадете на телото потребното гориво. Храната е тоа гориво, и кога следите одредена диета која обезбедува премалку калории, вие едноставно не го полните резервоарот - ќе бидете премногу слаби за да вежбате ефикасно и на крај, вашиот метаболизам ќе застане.         

<<НАЗАД