Што
е Smart Food? Зошто
Smart Food? Како функционира? Како се слабее? Какви
се оброците? Колку чини? Како
да почнам?Изјави на кориснициПрашања и ОдговориСтатииEnglish |
Како да го намалите стомакот со масни наслаги? Дали стомакот со масни наслаги е штетен за здравјато? Да. За луѓе со BMI 34 или помалку, стомакот со масни наслаги е оценет како дополнителен здравствен ризик. Масното ткиво околу стомакот и абдоменот (понекогаш наречен интра-стомачен, или утробни масти) носи голем здравствен ризик од маснотијата лоцирана во понискиот дел од телото околу задникот и бутовите. Некои здравствени студии покажуваат дека маснотиите во стомакот водат до покачен крвен притисок, високо ниво на холестерол, висок крвен шеќер, (метаболичен синдром X) и срцеви болести. Поради ова, некои експерти веруваат дека обемот околу половината и распределбата на маснотијата е многу поважно од вашата реална тежина во предвидливите идни здравствени ризици. Кои се причините за стомакот со масни наслаги? Каде ќе ги складираме мастите (вишок калориите) зависи во голема мера комбинација од полот, возраста, и генетската наследност. Мажите имаат тенденција да ја складираат маснотијата околу нивниот среден дел (форма на јаболко), додека жените типично ги складираат мастите околу карличната област, задникот и бутовите (форма на круша). Како и да е, жените се склони да ја развијат формата на јаболко во средината на животот, после менопаузата. Тоа е така зашто женските хормони се присутни во помали количини и нивната форма има тенденција да стане повеќе “машка“. Стрес и стомакот со масни наслаги Некои здравствени студии покажуваат дека абдоминалната маснотија може да се развие како резултат на стрес. Тоа е зашто хормонот кортизол се ослободува за време на стрес, и високо ниво на кортизол во телото стимулира складирање на маснотијата околу стомакот и абдоменот. Истражувачите од Универзитетот Јеил проучија 60 жени и пронајдоа дека колку повеќе се под стрес, толку повеќе масти се складираат околу нивниот стомак. Изгледа дека стомакот со масни наслаги е поверојатно да се развие кај мажите под стрес на било која возраст, и постари жени под стрес. Како да го спречиме стомакот со масни наслаги? Ако сте склони да складирате маснотии околу вашиот среден дел од телото, најздравото решение е да одржувате нормална тежина. Со соодветниот прилив на вашите потребни калории, вие ќе го спречите зголемувањето на тежината и развојот на вишок маснотии. Како да се намали стомакот со масни наслаги? Како и да е, ако веќе имате стомак со масни наслаги, најдобрата опција е да ја следите диетата за здраво губење на тежината, во комбинација со фитнес вежби како аеробик (за согорување на дополнителни калории) и стомачен тренинг за затегнување и зајакнување на абдоменалните мускули. Велат дека, намалувањето на масниот стомак одзема време – посебно ако имате форма на јаболко. И покрај тоа што кажуваат рекламите, не постои диетален план или тип на вежба кои ќе го имаат за цел вашиот масен стомак. Така да немојте да бидете нестрпливи. Вашиот стомак со масни наслаги ќе исчезне, ви ветуваме. |

