Што
е Smart Food? Зошто
Smart Food? Како функционира? Како се слабее? Какви
се оброците? Колку чини? Како
да почнам?Изјави на кориснициПрашања и ОдговориСтатииEnglish |
Зголемувањето на тежината е секојдневно, скоро универзално, како што достигнуваме до средната возраст. Меѓутоа, колку и да е скоро неизбежно тоа не е здраво, особено ако мастите што ги добиваме се сместени околу нашиот стомак и абдомен. Ни треба помалку калории како што стареемеПотребите за калории се највисоки за време на 20 –те, потоа се намалуваат за 2-4 проценти на секои 10 години. Па доколку ви требаат околу 2500 калории дневно на 20 години, тогаш на 50 годишна возраст ви требаат околу 2200-2350 калории. Помалку мускулно ткиво значи дека ни требаат помалку калории Најопшта причина зошто ни треба да внесуваме помалку калории како што старееме, е бидејќи нашата мускулна маса има тенденција да се намалува. Помеѓу 30 и 70 годишна возраст, мускулното ткиво се смалува просечно околу 30 проценти кај повеќето луѓе. Причината за ова е едноставно недостатокот од вежби. Проблемот е во тоа што мускулите имаат потреба од повеќе енергија за да се одржат отколку мастите. Па, колку помалку мускули имаме, помалку калории ни треба, и секоја вишок енергија што ја користиме ќе се складира како маст. Хормоналните промени може исто така да го забават нашиот метаболизам и да предизвика намалување на калориските потреби. Колку се здебелуваме со годините? Намалувањето на мускулното ткиво заедно со годините води до просечно зголемување на тежината од околу 2 кг. по декада (за мажите) или 1 кг. по декада (за жени). Полесно е да се намали тежината во средната доба од животот За да го намалиме ризикот на зголемување на тежината поради староста, се што треба да направиме е да јадеме околу 50-100 калории дневно,по декада, или зголемување на согорувањето на калориите од околу 50-100 калории дневно по декада. Најлесен начин тоа да се постигне е да се пешачат дополнителни километри на ден (по декада)
|

