Што
е Smart Food? Зошто
Smart Food? Како функционира? Како се слабее? Какви
се оброците? Колку чини? Како
да почнам?Изјави на кориснициПрашања и ОдговориСтатииEnglish |
Здравствен ризик од дебелеење Колку е подебела личноста толку е поверојатно тој или таа да развие здравствени проблеми. Умерена дебелкавост вклучува индекс на телесна маса (BMI) од 30+, која е помалку опасна за здравјето од нездравата дебелина (BMI 40+) или дебелина опасна по здравјето (BMI 50+). На пример, некој кој има прекумерна тежина од 40 проценти е за двапати поверојатно да умре предвремено од човекот со просечна тежина. Овој ефект е виден после 10 до 30 години од здебелувањето. Дебелината во абдоминалниот или средниот дел носи голем здравствен ризик Пациентите со дебелина во абдоминалниот или средниот дел, се карактеризираат со претерани масти во утробата околу стомакот и абдоменот, имаат висок ризик од болест поврзани со тежината. Абдоминалната дебелина е еден од главните симптоми на кардиоваскуларни болести и синдром на отпорност на инсулин. Кај жените, дебелината во средниот дел е сигнализирана од обем на половина од околу 35+ инчи, додека пак кај мажите опасниот обем на половина е 40+ инчи. Проверете ја пропорцијата на струкот-колкот. Жените со пропорција на струкот-колкот повеќе од 0.8 или мажите со пропорција повеќе од 1.0 се во форма на јаболко и се со зголемен здравствен ризик за време на нивната распределба на масти. Зголемен здравствен ризик од предвремена смрт Според направените истражувања, приближно 300,000 смртни случаи годишно во Америка се поврзани со дебелината. Ризикот од предвремена смрт расте со зголемување на тежината. Дури и умерената тежина (5 до 10 кг за човек со просечна височина) го зголемува смртниот ризик, посебно меѓу возрасните од 34 до 64 години. Луѓето кои се дебели ( BMI поголем од 30) имаат за 50 до 100 проценти зголемен ризик од предвремена смрт од сите причини, споредено со луѓето со здрава тежина. Зголемен здравствен ризик од срцеви болести Ризикот од срцев удар, ненадејна срцева смрт, ангина или болка во градите е зголемен за луѓето со прекумерна тежина или дебелина. Високиот крвен притисок е двојно зголемен кај возрасни кои се дебели од оние кои имаат здрава тежина. Дебелината е придружена со висок триглицерид и намален HDL холестерол. Зголемен здравствен ризик од удар Артеросклероза или стеснувањето на артерии, што може да доведе до создавање на артериско згрутчување на крвта, е многу важен предуслов за многу напади. Артеросклерозата е забрзана од високиот крвен притисок, пушењето, високиот холестерол и недостатокот од вежби. Дебелината, особено нездравата дебелина е често придружена со високо масна исхрана, покачен крвен притисок и недостиг од вежби. Според тоа дебелината сега се смета за важен спореден ризичен фактор за удари. Зголемен здравствен ризик од дијабет тип 2 Зголемувањето на тежината од 6-8 кг. го зголемува ризикот кај човекот за развивање на дијабет тип 2 за двапати повеќе од луѓето кои не ја зголемиле тежината. Околу 80 проценти од луѓето со дијабет се со прекумерна тежина или се дебели. Ова може да се смета за нов пронајден збор, "diabesity"®, којшто ја означува блиската врска меѓу дебелината и дијабетот. Зголемен здравствен ризик од рак Дебелината е придружена со зголемен ризик за некои видови на рак вклучувајќи го ендометриалниот (рак на обвивката на матката),на дебелото црево, жолчен меур, простата, бубрези и рак на градите после менопауза. Жените кои имаат повеќе од 10 кг. од 18 годишна возраст до средовечноста двојно го зголемуваат ризикот од рак на градите после менопаузата, споредено со жените чија тежина им останува стабилна. Зголемен здравствен ризик од масни болести на црниот дроб Главната причина за безалкохолни мастни болести на црниот дроб е отпорноста од инсулин, нерамнотежа во метаболизмот каде клетките не го чувствуваат ефектот од инсулинот. Еден од важните заеднички ризик фактори за отпорност на инсулинот е дебелината, особено околу абдоминалниот среден дел. Студиите ја покажубаат взаемната врска меѓу индексот за телесна маса (BMI) и степенот на оштетување на црниот дроб. Колку е повисок BMI толку е полоша болеста на црниот дроб. Дебелината е ризик фактор за хроничен венозен недостаток Иако дебелината не е директна причина за хроничен венозен недостаток, тоа е важен ризик фактор. Тоа е така бидејќи дебелината, особено нездравата дебелина, води до покачен крвен притисок, седечкиот животен стил и проблеми со мускулатурата и коските (попречувањето на подвижноста и користењето на мускулите на нозете), сите овие се придонесувачки фактори во развојот на хроничен венозен недостаток. Дебелите пациенти исто така имаат зголемен здравствен ризик од други васкуларни нарушувања, предизвикани од несоодветниот доток на крв до екстремитетите. Зголемен здравствен ризик од болести на жолчниот меур Ризикот од жолчен камен е приближно за 3 пати поголем за дебелите пациенти од недебелите. Всушност, ризикот од симптоматичен жолчен камен се појавува во заемна врска со покачување на индексот на телесна маса (BMI). Зголемен здравствен ризик од проблеми со дишењеОпструктивната апнеа ( тоа е прекинато дишење за време на спиење) е повеќе заедничка за дебелите луѓе. Дебелината е придружена со висока распространетост на астма и сериозен бронхитис,исто така како синдром на хиповентилација и респираторен недостаток. Дебелина и длабоко венска тромбозаРизични фактори за длабоко венска тромбоза ја вклучува претходната историја на болести, васкуларни оштетувања, хипертензија и предиспозиција за крвно згритчување. Иако дебелината (BMI 30+) обично била препознаена како ризик фактор за длабоко венска тромбоза и градна емболија, експертите сега сметаат дека доказите кои го поддржуваат ова спојување се недоволни, многу зависи и од други фактори како историјата, болеста, неподвижноста и возраста. Зголемен здравствен ризик од артритисНарушувањето на мускулите и коските, вклучувајќи остеоартритис, се многу повеќе распространети меѓу дебелите пациенти, особено кај пациентите со дијагностицирани сериозни клинички или прекумерна дебелина. Здравствените студии покажуваат дека дебелината е силно предвидување за симптомите на остеоартритис, особено во колената. Ризикот од остеоартритис се зголемува со покачување на секое кило. Зголемен здравствен ризик за бремената жена и бебеДебелината има јак штетен ефект за здравјето заедно и за мајката и новороденчето, и за време и после бременоста. Дебелината во бременоста е поврзана со висок смртен ризик и за бебето и за мајката. Исто така го зголемува ризикот од висок крвен притисок кај матката, за 10 пати. Дебелината во бременоста е исто поврзана и со зголемен ризик од дефекти при раѓањето, како спина бифида. Дебелината и нејзините здравствени проблеми кои се појавуваат после раѓањето на детето вклучуваат висок ризик од повреда и инфекција на ендометриумот,ендометритис и инфекција на уринарниот тракт. Добра вест е дека губењето на мала количина од тежината може да ги намали шансите за развој на срцеви болести или напад. Намалувањето на тежината за 10 проценти може да ги намали вашите шанси за развој на срцеви болести преку подобрување на работата на вашето срце, крвниот притисок, и нивото на крвен холестерол и триглицериди. Студиите покажуваат дека може да го подобрите вашето здравје со мало губење од 5 до 7 килограми. Психолошки и социолошки ефекти од дебелинатаЕмоционалното страдање може да биде едно од најболните делови на дебелината. Американското општество ја нагласува физичката појава и често ги изедначува атрактивноста со виткоста, особено кај жените. Такви пораки прават луѓето со прекумерна тежина да се чувствуваат неатрактивни. Односот кон дебелината и сериозната прекумерна тежина Една студија за дебелина ги распраша сериозно дебелите луѓе да земат принудна анкета. Тоа значи, тие морале да направат избор меѓу тоа да бидат на сегашната тежина или да имаат некои други дадени болести. Резултатите биле вознемирувачки. Иако имало некои варијации, секоја дебела личност кажала дека подобро би била слепа или да има една ампутирана нога отколку да бидат на нивната сегашна тежина. Најинтересно, секоја личност попрво би била сиромашна отколку да биде морбидно дебел милионер.
|

