Што е Smart Food? Зошто Smart Food? Како функционира? Како се слабее? Какви се оброците? Колку чини? Како да почнам?Изјави на кориснициПрашања и ОдговориСтатии
English

Контакт:
e-mail: info@smartfood.com.mk
Тел: 02 32 16 320
         071 370 432




Статии

НОВ ПРЕГЛЕД НА ГУБЕЊЕ НА ТЕЖИНАТА:
ЗОШТО ЛУЃЕТО ШТО ДРЖАТ ДИЕТА НЕ УСПЕВААТ ДА ЈА ИЗГУБАТ ТЕЖИНАТА?

Моменталното високиот раст на нивото на дебелина ја направи контролата на тежината главен здравствен приоритет секаде низ светот.

Зошто слабеењето е толку тешко? Според новиот преглед, постојат три причини. Ние немаме доволно моќна стимулација; дозволуваме да гладуваме; и не се однесуваме ефективно во т.н. “лошите денови“.

Новиот преглед на губење на тежината ги прашува лицата што држат диета да ги идентификуваат трите најголеми пречки со кои тие се соочуваат кога го следат калориски контролираниот план на јадење. Најпопуларни одговори беа:

-Недоволна стимулација за губење на тежината (75 проценти)
-Глад (70 проценти)
-Лоши денови (69 проценти)

Да погледнеме кои причини ги предизвикуваат овие проблеми, и како да ги надминеме.

Зошто стимулацијата е толку важна кога се обидуваме да ја намалиме тежината?Ние ја зголемуваме тежината бидејќи конзумираме премногу калории, или согоруваме премалку, или (најверојатно, комбинација од двете). За да ја намалиме тежината, ние треба да ги корегираме овие нерамнотежени калории со менување на нашите навики за јадење и вежбање. Но, како што знаеме сите, вообичаените навики не се менуваат лесно, посебно ако тоа значи да се откажеме од нашите омилени хранливи уживања. Единствен начин тоа да го направиме, е да пронајдеме јака стимулација за да можеме да се промениме.Накратко, ни треба одговор на прашањето: Каква корист ќе добијам од губењето на тежината?Повеќето од луѓето што држат диета не можат да одговорат на ова прашање! Тие што можат, обично одговараат: “Бидејќи јас ќе се чувствувам подобро“ или “Бидејќи моето здравје ќе се подобри“. Друѓи луѓе може да кажат дека тие се трудат да ја намалат тежината за да го задоволат нивниот доктор, или партнер. Овие основни причини се многу слаби за да не мотивираат да го смениме редовното јадење и рутината на вежбање. За пример, губењето на тежината за да се задоволат другите ретко успева. Како резултат на тоа, штом нашата диета за губење на тежината наидува на проблеми, ние се откажуваме.

Каков вид на стимулација е најдобар за губење на тежината?
За да останеме мотивирани за губење на тежината, мора да се насочиме кон нешто лично – некаков вид на себичност, лична добивка – за пример, одмор на плажа, или семејна околност, или достигнување на некоја специфична физичка цел. Каква корист ние ќе одлучиме да не инспирира за да ја изгубиме тежината, таа мора да биде специфична и да има точна дата.

Зошто гладот не спречува да ја изгубиме тежината?
Најмногу  луѓе сеуште веруваат дека храната е нивниот непријател. Така тие мислат дека колку помалку јадат, толку побрзо ќе ја изгубат тежината. НЕ Е ВИСТИНА! Вистината е, колку помалку јадеме, толку повеќе гладни стануваме и толку побрзо нашата диета оди во неповрат.
Не заборавајте, човечкото тело е генетски планирано да јаде кога е гладно и никаква волја нема да ги неутрализира овие основни нагони -  најмалку, не за  долго. Токму затоа ниско-калоричните диети се вообичаено следени со постојано јадење.

Како да го избегнеме гладот и да ја изгубиме тежината
Прескокнувањето оброци за време на денот е главната причина за глад. Бидете сигурни дека јадете редовно во текот на денот, и јадете минимум до 1200-1300 калории на ден – и повеќе ако вежбате околу 45 минути. Редовното јадење го убедува вашето тело дека храната е богата, и ги согорува калориите ефикасно.  Покрај тоа, го одржува стабилно нивото на крвниот шеќер и така го спречува ненајдениот нагон за прејадување.

За губење на тежината  е подобро да јадете премногу отколку премалку
Секој од нас има денови кога се чувствуваме посебно гладни. Кога тоа се случува, ЈАДЕТЕ ПОВЕЌЕ! Може тоа да го успори вашето слабеење? Малку, можеби, но што со тоа?  Потребата од неколку дополнителни денови за да го постигнете вашето губење на тежината не е проблем. Вистинскиот проблем е недоволното јадење и изгладнување како и депресијата. Зошто кога ќе се случи ова, вие ќе престанете со диетата и ќе почнете да се прејадувате.

Како да се изборите со лошите денови без да се откажете од вашата диета
Сите луѓе што држат диета искусиле “лоши денови“. За жал, повеќето од нив инсистираат на совршенство. Па ако посетат пријател и изедат 2 кутии сладолед и кутија колачи, тие ќе се распаднат. Тие стануваат совладани од чуствот на вина бидејќи не се совршени и се откажуваат од диетата со гадење. Но јадењето сладолед и колачи не толку опасно колку вистинската штета што е предизвикана од вината што следи. И кој е одговорот? НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ ДА БИДЕТЕ СОВРШЕНИ! Кога ќе престанете да се гледате себеси како совршена личност што држи диета ќе се почувствувате дека сте овластени да направите по некоја грешка и ќе пронајдете дека држењето диета е многу полесно и помалку стресно.

Успешното губење на тежината е единствено возможно со соодветна поддршка
ФАКТ: Повеќето луѓе што држат диета не успеваат.
ЗОШТО?  Бидејќи не добиваат подршка.
Постојат неколку пречки со кои се соочуваме кога се обидуваме да ја намалиме тежината. За да ги надминеме нив и сите други теми околу диетата кои ни стојат на патот кон губењето на тежината, потребна ни е помош или т.н подршка. Тоа е многу поважно од одбирањето на совршен калориски контролиран план на јадење, зошто ниедна диета не може да ве мотивира да останете на истата патека. Само луѓето околу вас може да ви помогнат во тоа. Губењето на тежината дури и за луѓе кои биле дебели со години – е полесно кога сме мотивирани и охрабрени од други. Зашто кога имаме луѓе позади нас, ние чувствуваме дека можеме да направиме се.

<<НАЗАД