Што
е Smart Food? Зошто
Smart Food? Како функционира? Како се слабее? Какви
се оброците? Колку чини? Како
да почнам?Изјави на кориснициПрашања и ОдговориСтатииEnglish |
![]() Статии Објаснување за мастите во телото Која е целта на снабдувањето на телото со масти?Чувањето масти во телото е опасен одбрамбен механизам. Запомнете, човечкото тело не се променило во суштина од камено доба. Во тоа време гладувањето и општо гладот биле постојана закана за преживување, додека прејадувањето и дебелината било нечуено. За да можеле луѓето од каменото доба да преживеат периоди од недостиг на храна, човечкото тело било предодредено да складира енергија што во време на глад ќе може да се искористи. Така на пример, луѓето што се прејадувале за време на сезоната за лов, или кога храната била обилна, и вишокот би се натрупал како масно ткиво (дебело ткиво). И кога храната била недоволна, телото би ги согорувало складираните масти како енергија. Секако животот во каменото доба и хемијата на телото е многу покомплицирано од овие едноставно објаснети совети, но ги задоволува објаснувањата на тоа зошто ние имаме способност за складирање на масти. Како јаглеродите,протеините и мастите се абсорбирани и складирани? Човечкото тело има потреби од енергија за да ги зајакне мускулите и да ги снабдува хемиските и биолошките реакции кои завземаат големо место во нашиот систем секој ден. Оваа енергија доаѓа од храната што ја конзумираме во нашата диета. Храната содржи главно вода и три типа хранливи состојки – протеини, диетални масти и јаглехидрати-кои се наоѓаат во различни размери во повеќето јадења. Овие состојки се разложуваат, варат и абсорбираат од телото во гастроинтестиналниот премин, поминувајќи од устата до анусот. Секоја од овие макрохранливи состојки е обработена и абсорбирана од системот за варење на различни начини. Како вишокот на јаглехидрати се употребени и складирани? Јаглехидратите се главниот енергетски извор на телото. Тоа е така, бидејќи, од сите хранлливи состојки, тој најбрзо се претвора во гликоза што претставува најомилено гориво на телото. Кога јадеме јаглехидрати тие се претвораат во гликоза во системот за варење и се распределува преку црниот дроб до клетките низ телото за користење на енергија. Еднаш кога итните енергетски потреби се задоволени, останатите јаглероди и гликоза се искористени во еден од двата начина. Или се претворени во течен гликоген (моментален извор на веќе подготвена енергија) и сместена во црниот дроб или мускулите. Или, се претвора во масни киселини од црниот дроб и се сместува во масните клетки околу телото. Како вишокот на протеини се употребени и складирани? Протеините се разложуваат во амино киселини во стомакот и тенкото црево, потоа се распределуваат од црниот дроб до клетките низ телото за различни употреби вклучувајќи го создавањето на клетките и обновувањето. Некои од вишокот протеински амино киселини се движат во крвотокот, остатокот од нив се претворени во едноставен тип на шеќер и се користат како енергија или (како јаглехидратите) се претвораат во масна киселина и се сместуваат во масните клетки. Како вишокот на диетална маст е употребена и складирана? Диеталната маст се разложува во масни киселини и глицерол од стомакот и тенкото црево. Таа во тој случај се распределува (во форма на триглицериди) од лимфниот систем и крвотокот до клетките за различни употреби, или во недостиг на доволни јаглехидрати, за енергија. Како и да е, зашто диеталната маст не може да се претвори во протеин и само околу 5% (делот со глицеролот) е претворен во гликоза, и зашто диеталната маст не е посакуваното гориво на човекот, значителна количина завршува како телесна маст во масното ткиво.
Ако енергијата е потребна одеднаш, телото прво ги употребува резервите на гликоген. После тоа, телесната маст во масните клетки се претвора во енергија преку катаболички процес наречен липолиза. За време на липолизата, триглицеридите заедно со масните клетки дејствуваат од сложен ензим наречен хормонски чувствителена липаза (HSL). Таа ги претвора триглицеридите во масни киселини и глицерол. Масните киселини се испраќаат од крвотокот до ткивата за или (заедно со глицеролот) се носат до црниот дроб за понатамошна преработка. Масно ткиво Масните клетки што го прават масното ткиво се специјализирани клетки кои што содржат и можат да синтетизираат глобули од масти. Оваа маст или доаѓа од диеталната маст што ја јадеме или е создадена од телото од вишокот јаглехидрати или протеини во нашата исхрана. Масното ткиво е главно сместено под кожата, иако масните наслаги исто така се наоѓаат меѓу мускулите, во абдоменот, околу срцето и другите органи. Местото на масните наслаги најмногу се предодредени од генетската наследност. Тоа не е возможно да влијае на сместувањето на мастите. Повеќето од нас развиваат телесна маст бидејќи внесуваме повеќе калории отколку што ги согоруваме при активности. Живеејќи ја новоформираната култура што го нагласува постојаното зголемување на порцијата, порастот на новата вкусна високо-калорична храна и енергетски пијалоци, како и прекумерното конзумирање е можеби очекувано. Недостигот од активности е исто така главен придонесувачки фактор. Како и да е, прејадувањето и недостигот од фитнес вежби не се целата приказна. Зошто толку многу луѓе се дебели? Распространетоста и склоноста кон дебелеење (болест на вишок телесна маст) во голема мера значајно е зголемена во последните 25 години, и во развиениот и во неразвиениот свет. Зошто е тоа така? Не знаеме со сигурност. И покрај широките истражувања за причините и факторите за здебелување, тие остануваат неразјаснети. Со други зборови, иако знаеме дека вишокот калории, недостигот од вежби, нарушениот метаболизам и генетската наследност влијаат на развојот и симптомите на дебелеење, експертите се уште не го знаат релативниот придонес на секојдневните фактори. Единствената работа за која повеќето експерти се согласуваат е дека неодамнешниот пораст на здебелување не може да се препише во никој основен случај на влијанието на гените, зошто генетските промени треба милениум за да се појават, не две декади. Како и да е, врската меѓу двата типа дијабет, покачени крвни масти, дебелината и неосетливоста кон инсулинот - група симптоми која ја формира состојбата позната како синдром на отпорност на инсулин – е доказ за постепено влошување на ефикасниот телесен метаболизам, кој можеби е основен фактор во развојот на вишокот на телесна маст меѓу многу луѓе. |

