Што е Smart Food? Зошто Smart Food? Како функционира? Како се слабее? Какви се оброците? Колку чини? Како да почнам?Изјави на кориснициДискусии од корисници Прашања и ОдговориСтатии English |
Како јадеш така мислиш, како мислиш така живееш !! Правилната и здрава исхрана станува еден од најважните проблеми на современиот човек. Човековото здравје,креативност ,ефикасност и расположение директно се условени од начинот на исхрана кој го применуваме. Правилната и здрава исхрана ни помага полесно да се сoочиме со животни тешкотии и да се заштитиме од многу бројните физички и психички болести. Здравата исхрана во семејството овозможува правилен физички и духовен развој и на децата и повеќе радост и љубов во меѓусебната комуникација и заедничкиот живот.Повеќе... Зошто диетите не функционираат? Ги пробавте сите магични диети, супи, таблети... Доколку
ги изгубите непосакуваните килограми, се чувствувате исцрпено, паѓате
во депресија и килограмите се враќаат. Колку брзо може да ја намалите тежината? Кога ние губиме од тежината не губиме само масти. Ние губиме комбинација од телесни масти и мускулно ткиво. На пример, студиите покажуваат дека кога сме на диета, тежината што ја губиме во просек е околу 75 проценти масти и 25 проценти мускули. Запомнете, околу 70 проценти од вкупната телесна тежина за просечен човек отпаѓа на водата, со мускулното ткиво кое содржи околу 75 проценти вода (плус 20 проценти протеини и 5 проценти минерали), и телесна маст околу 50 проценти вода. Повеќе . . . Пиење вода за одржување на добро здравје Пиењето вода е многу важно за добро здравје. Кога бевте дете во школо, вие учевте дека секој молекул на вода е направен од два водородни атоми и еден кислороден атом. Можеби исто така учевте дека било многу забавно да ги наполните пиштолите на вода, се додека директорот не ве фати. Тоа што не го научивте всушност e тоа колку вода ви треба за да бидете здраво човечко суштество. Повеќе . . . МОТИВАЦИЈА ЗА СЛАБЕЕЊЕ Клучот за губење на тежината е тоа да го сакате доволно и да пронајдете мотив да поминете низ тоа. За да почнете со тоа, прво треба да се запрашате за кого ја губите тежината. Доколку одговорот е „за мене„ тогаш тоа ќе биде полесно. Повеќе . . . Објаснување за мастите во телото Која е целта на снабдувањето на телото со масти?Чувањето масти во телото е опасен одбрамбен механизам. Запомнете, човечкото тело не се променило во суштина од камено доба. Во тоа време гладувањето и општо гладот биле постојана закана за преживување, додека прејадувањето и дебелината било нечуено. За да можеле луѓето од каменото доба да преживеат периоди од недостиг на храна, човечкото тело било предодредено да складира енергија што во време на глад ќе може да се искористи. Така на пример, луѓето што се прејадувале за време на сезоната за лов, или кога храната била обилна, и вишокот би се натрупал како масно ткиво (дебело ткиво). И кога храната била недоволна, телото би ги согорувало складираните масти како енергија. Секако животот во каменото доба и хемијата на телото е многу покомплицирано од овие едноставно објаснети совети, но ги задоволува објаснувањата на тоа зошто ние имаме способност за складирање на масти. Повеќе . . . НОВ ПРЕГЛЕД НА ГУБЕЊЕ НА ТЕЖИНАТА: Моменталното високиот раст на нивото на дебелина ја направи контролата на тежината главен здравствен приоритет секаде низ светот. Здравствен ризик од дебелеење Колку е подебела личноста толку е поверојатно тој или таа да развие здравствени проблеми. Умерена дебелкавост вклучува индекс на телесна маса (BMI) од 30+, која е помалку опасна за здравјето од нездравата дебелина (BMI 40+) или дебелина опасна по здравјето (BMI 50+). На пример, некој кој има прекумерна тежина од 40 проценти е за двапати поверојатно да умре предвремено од човекот со просечна тежина. Овој ефект е виден после 10 до 30 години од здебелувањето. Повеќе . . . Зошто се здебелуваме после 50 години? Зголемувањето на тежината е секојдневно, скоро универзално, како што достигнуваме до средната возраст. Меѓутоа, колку и да е скоро неизбежно тоа не е здраво, особено ако мастите што ги добиваме се сместени околу нашиот стомак и абдомен. Повеќе . . . Како да го намалите стомакот со масни наслаги? Дали стомакот со масни наслаги е штетен за здравјато?Да. За луѓе со BMI 34 или помалку, стомакот со масни наслаги е оценет како дополнителен здравствен ризик. Масното ткиво околу стомакот и абдоменот (понекогаш наречен интра-стомачен, или утробни масти) носи голем здравствен ризик од маснотијата лоцирана во понискиот дел од телото околу задникот и бутовите. Некои здравствени студии покажуваат дека маснотиите во стомакот водат до покачен крвен притисок, високо ниво на холестерол, висок крвен шеќер, (метаболичен синдром X) и срцеви болести. Поради ова, некои експерти веруваат дека обемот околу половината и распределбата на маснотијата е многу поважно од вашата реална тежина во предвидливите идни здравствени ризици .Повеќе . . . 7 општи нереалности за губење на тежината 1. Најдобриот начин за намалување на тежината е да избегнувате јадење на јаглехидрати? Не е точно. Најдобриот начин за да ја намалите тежината е да внесувате помалку калории додека уживате во нутриционистичката диета која вклучува рановидна храна. Ниедна хранлива група не треба да се избегнува за да се постигне здрава тежина се додека го доведувате во рамнотежа приливот на калории. Додека е паметно да се избегнува преработени јаглехидрати колку што е можно почесто, храната како леб, ориз, паста, житарици и овошје, може да биде дел од здрава, избалансирана диета. Обидете се да изберете сложени јаглехидрати, како житарици и грав, преработена храна (како белиот леб) секогаш кога е возможно. Повеќе . . .
|

