
Прашања и одговори
Прашање:
Ако се претплатам за 7, 14 или 30 дневна достава - дали доставувате храна и на работа и дома (работни денови и викенд) или повеќе дневната достава се однесува само на достава во работни денови?
Одговор:
Храната ја доставуваме секој ден на било кое место во Скопје (тоа подразбира и поширока околина на Скопје секако), на оние адреси кои вие ќе ни ги оставите, а тоа дури може да биде и секој ден различна...Значи доставуваме нон стоп на било кое место ....
Прашање:
Дали секој ден добивам иста или различна храна?
Одговор:
Храната која ја добивате е разновидна, секој ден добивате различна
храна која е претходно испланирана во зависност од калориските и
нутрицинистичките вредности и изготвена по рецепти кои не го намалуваат
вкусот а ги задржуваат потребните карактеристики на храната. Но
храната и редоследот на менијата воопшто не се повторува, бидејќи
разновидноста е многу важна
Прашање:
Дали нудите вегетаријанска храна?
Одговор:
Секако дека нудиме вегетаријанска храна. Се прилагодуваме на сите
забелешки во вашата исхрана доколку ги имате на пр. Алергии на морска
храна или слично секако дека тоа се изоставува целосно од вашето
мени. И тоа ќе стои запишано во вашето т.н досие во нашиот call
centar така да никако нема се појави таква храна каква вие не сакате
или не смеете да ја конзумирате... ..
Прашање:
Дали може да се плати со картичка?
Одговор:
Да може да се плати со картичка мастер и маестро за почеток.....понатаму и со други кратички.
Прашање:
До колку саатот во текот на денот се доставува храна?
Одговор:
Храната се доставува помеѓу 09:00 и 10:00 часот наутро.
Прашање:
Дали во дадените цени е вклучен само еден оброк на ден или целокупното мени за цел ден, мислам на појадок, ужина, ручек и вечера по избор?
Одговор:
Во цената е вклучено целодневно мени односно 5 оброци во текот на денот (појадок, ужинка, ручек, ужинка, вечера). Односно овие цени важат за сите оброци во текот на 3 дневно, 7 дневно, 14 дневно или 30 дневно мени, во зависност од тоа за какво мени ќе се одлучите.
Прашање:
Јас не спаѓам во групата со зголемена тежина дали можам да ја користам вашата услуга
Одговор:
Секако дека можете да ја користите нашата услуга пред се бидејки
храната е избалансирана со се што му е потребно на организмот и
за да се чувствувате здраво и да не чувствувате истоштеност во текот
на денот. Секој од нас е потребно да применува ваква исхрана (комбинација
на калории, јагленохидрати, протеини и масти) за да се храни здраво
и правилно. Овој начин на исхрана можете да го користите исто така
и за да избегнете набавка, планирање и готвење на храната.
|