Што е Smart Food?
Зошто Smart Food? Како функционира? Како се слабее? Какви се оброците? Колку чини? Како да почнам?Изјави на кориснициДискусии од корисници
Прашања и ОдговориСтатии
English

Контакт:
e-mail: info@smartfood.com.mk
Тел: 02 30 84 651
         071 370 432




Менија

Се прашувате каде може да најдете мени кое е ниско калорично, со мала количина на шеќери, богато со протеини, фиброзни влакна и секако многу вкусно? Сега ние го подготвуваме сето тоа. Овде може да ја најдете листата на храна која ние ќе ја подготвиме за вас.

 1.Појадок

  • Неколку вида на вкусни сендвичи; со интегрален леб, шунка од мисирка,зеленчук и други вкусни додатоци
  • Тост со шунка и крем сирење и зеленчук
  • Овошни житарици со ниска масленост на млекото или овошен јогурт со житарици
  • Протеински палачинки
  • Неколку вида на омлети со спанаќ,пиперки и друг зеленчук
  • Колач / крофна со јаболко
  • Колач / крофна со банана

И други видови на појадоци кои што се ниско калорични, но полни со квалитетни протеини и бавно абсорбирачки јаглехидрати кои ќе ви дадат енергија за успешен старт на работниот ден.

2.Ужинка AM/PM

  • Различни видови на свежи сезонски овошја
  • Протеински колачи
  • Овошни колачи со мусли
  • Овошни јогурти
  • Чоколадни колачи
  • Ниско калорични пудинзи со различни вкусови

Многу други ужинки кои што ќе го наполнат вашиот стомак, и на вашето тело ќе му дадат повеќе протеини и фиброзни влакна за дополнителна енергија (без премногу калории) и ќе ви ги задоволат потребите за слатките работи.

3.Ручек

  • Пилешки гради на жар со многу вкусен зеленчук, пекарски компир
  • Кокошка припремена со лук, сок од зелен лимон и маслиново масло
  • Свински стек печен на жар
  • Телешко месо -строганоф
  • Фахита со зеленчук и месо од мисирка
  • Италијанска паста со спанаќ
  • Шпагети со вкусен ниско калоричен сос
  • Пица со зеленчук и свежи печурки печена на жар
  • Зеленчук полнет на италијански начин

И многу многу повеќе вкусни ручеци кои не се разликуваат од вашиот вообичаен секојдневен ручек-разликата е во тоа како се подготвува, земајќи ги во предвид потребните хранливи вредности, ниското ниво на гликоза како и нискиот гликемиски индекс.

4.Вечера

  • Цезар салата(ниско калоричен рецепт)
  • Печени модри патлиџани и сендвич со домати и рокфорд прелив
  • Овошна салата виножито
  • Пилешки и телешки котлети
  • Чадена моцарела,спанаќ и сендвич со омлет и зеленчук
  • Крем салата од компири
  • Добро печен телешки медалјон со прелив од сенф и рен
  • Сендвич со мисиркино месо и сирење

И многу други вкусни вечери кои се богати со протеини,здрави масти и балансирани калории, за да се надмине желбата за храна во текот на вечерта.