Што е Smart Food?
Зошто Smart Food? Како функционира? Како се слабее? Какви се оброците? Колку чини? Како да почнам?Изјави на кориснициДискусии од корисници
Прашања и ОдговориСтатии
English

Контакт:
e-mail: info@smartfood.com.mk
Тел: 02 30 84 651
         071 370 432




Изјави на корисници

Игор
Навистина  е добро и ние веќе дома не гoтвиме храна. Парите што дневно ги дававме на исхрана се скоро исти  како овие 580 денари со кои  кога ќе седнеш во ресторан  јадеш само  еден оброк, но со Smart Food  јадеш пет оброка дневно и што е уште побитно се чувствувам здраво и не ја покачувам тежината.

Весна
Заради мојата работа честопати заборавав да јадам и кога ке дојдев дома изгладнета се прејадував што дефинитивно ми се одрази на тежината. Сега сите потребни оброци ги јадам на работа и дома распоредени правилно и ми се на дофат на рака така да не само што го подобрив изгледот туку сега се чувствувам по здраво и со повеќе енергија, а од друга страна и не трошам време на готвење повеќе.

Жарко
Smart Food навистина ми помогна да ослабнам. Претходно скоро 5 години бев на диети и апчиња кои беа несупешни за мене. Сешто пробував меѓутоа се се сведуваше на гладување. Ќе ослабнев едно кило со гладување и веднаш потоа враќав дури и повеќе. Скоро и да изгубив надеж дека некогаш ќе имам нормална тежина. Со СФ прво бев скептичен, но кога ја погледнав вагата во првата недела ми даде волја за понатаму. Навистина функционира. Битно е што не сум гладен, а килограмите се намалуваат. Успеав да симнам 14 кг без никакви откажувања.

Ташко
Храната е навистина вкусна и различна , а пакувањето во кое доаѓа е навистина практично убаво и безбедно. Сега јадам приготвена и вкусна храна без напор.

Дејан
Smart Food  ми помогна да си го сменам начинот на живот и да сватам дека со моите 15 кг што сум ги имал повеќе било како да носам цело јагне на рамења, а да не зборам за последиците по здравјето. Се чувствувам полесен и полн со енергија.

Марија
Кога ја пробав храната беше вкусна, но си викав ова не е можно да јадам и да слабеам зашто предходно бев навикната на диети со гладување. Па пробав прво од три дневното пробно мени, па земав уште еднаш до крајот на неделата бидејки си реков ако ништо друго не добијам барем нема да  мислам што ќе готвам за ручек. Но кога на крајот на неделата кога  ја видов вагата се изненадив пријатно, не направив скоро ништо различно од сега,  а килограмите отидоа. Ослабнав 9 кг.

Зоран
Работам во фирма која локациски е многу оддалечена од центар од една страна, а од друга страна имам само половина час пауза во текот на работниот ден.  Smart Food ми ја олесни работата со тоа што сега не јадам повеќе брза храна и тестенини во текот на работниот ден кои и така ги купував на брзање за време на паузата. Сега јадам многу вкусна храна секој ден различна преубаво спакувана. Ми ја доставуваат секој ден во одредено време и тоа е прекрасно. Не само што слабеам туку не јадам повеќе брза храна која и како лошо влијае на моето здравје и мојот изглед, а и паузата ја користам попрактично.

Маја
Многу чудно ама делува. Не ми се веруваше од почеток,  но бидејки неможев да постигнам да готвам секој ден  за себе и за мојот сопруг решивме да пробавме Smart Food. И двајцата имаме проблем со тежината иако тој малку повеќе од мене. Бев принудена да станувам во 5 часот наутро и да му готвам различни варени и печени јадења кои му беа дел од некакви диети. И сепак иако имаше ефекти, по одредено време и тој и јас ја враќавме тежината дури и повеќе од кога почнавме. Се уморив од сето тоа затоа што и работата ми е напорна и реално неможам да постигнам да готвам секој ден. Smart Food  е решение за сите деловни жени и жени кои навистина немаат желба или време да поминуваат 5 часа во кујната секој ден.